
Целосно ги покриваме транспортите во балканскиот регион. Одржуваме деловни односи со бројни железнички компании и оператори преку кои се организираат транспорти од и кон сите Европски земји.Благодарејќи на успешните контакти со железниците на бившите југословенски републики, секојдневно транспортираме комплетни возови и поединечни пратки кон и од правец север за потребите на целокупното стопанство во Македонија, првенстено јаглен, железо, лимови, стакло, минерална волна, иверица и други готови производи.
Заради близината на солунското пристаниште организираме дневни возови со разни видови стоки од и за пристаништето во Солун. Носечки организатор сме на транспортите на нафтени деривати и други видови течности во регионот кои се вршат со сопствените капацитети.
УСЛУГИ
- Понуди за железнички транспорт,
- Подготовка на документи (ЦИМ) за железнички транспорт,
- Консултативни услуги за организација на комбиниран превоз, превоз на масовна стока, стока со покабасти димензии,
- Повластени цени за превоз на стоки од секаков вид на сите европски железници,
- Железнички транспорт со претовар од европски во руски вагони и обратно,
- Железнички транспорт од и кон солунско пристаниште,
- Калкулации на најбрзи и најповолни превозни патишта, поддршка за обезбедување потребни дозволи во превозот на покабастите пратки,
- Изнајмување на приватни вагони.
КОНТАКТ Славица Мишева
телефон: 02 3149 381
телефакс: 02 3149 481
мобилен: 075 273 685
e-mail: s.miseva@fersped.com.mk