Врз основа на член 58 и 60 од Статутот на Друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта ФЕРШПЕД АД Скопје, а во согласност со членовите 383, 384 и 387 од Законот за трговски друштва, Одборот на директори на Друштвото
ОБЈАВУВА ПОВИК
до акционерите за учество на Годишно Собрание на акционери на ФЕРШПЕД АД Скопје
Собранието ќе се одржи на ден 22.05.2025 година (Четврток) со почеток во 12.00 часот во просториите на хотелот Александар Палас на бул.8-ми Септември. бр.15 Скопје.
За работа на седницата на Годишното собрание се предлага следниот:
ДНЕВЕН РЕД
I.ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Избор на Претседавач со Собранието
- Записничар (записникот го води Нотар)
- Избор на бројачи на гласови
- Усвојување на дневен ред
Предлог за Претседавач и бројач на гласови
II.РАБОТЕН ДЕЛ
1. Разгледување и одобрување на Годишната сметка, финансиските извештаи за 2024 година ревидирани од овластен ревизор и Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2024 година – Предлог одлуки
Предлог Одлука за одобрување на Годишната сметка за 2024 година
Одлука за одобрување на Годишната сметка за 2024 година
Годишна сметка за 2024
Предлог Одлука за одобрување на финансиските извештаи ревидирани од овластен ревизор за 2024 година
Одлука за одобрување на финансиските извештаи за 2024 ревидирани од овластен ревизор
Ревидирани ФИ Фершпед 2024
Предлог Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2024 година
Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на друштвото за 2024 година
Извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2024
2. Донесување одлука за распределба на добивката по годишната сметка за деловната 2024 година – Предлог одлука
Предлог Одлука за распределба на добивката за 2024 година
Одлука за распределба на добивката по Годишната сметка за 2024 година
3. Донесување на одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар – Предлог одлука
Предлог-одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар за 2024
Одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар 2024
4. Разгледување и одобрување на Извештајот поднесен од неизвршните членови на Одбор на директори за резултатите од контролата над управувањето со Друштвото за 2024 година – Предлог одлука
Предлог Одлука за одобрување на Извештајот од неизвршните членови на ОД за 2024
Одлука за одобрување на Извештајот од неизвршните членови на ОД за 2024 година
Извештај од неизвршните членови на ОД за 2024
5. Разгледување и одобрување на Годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија за 2024 година – Предлог одлука
Предлог Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на Службата за внатрешна ревизија за 2024
Одлука за одобрување на Годишниот извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2024 година
Годишен извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2024
6. Разгледување и одобрување на Консолидираната годишна сметка и Консолидираните финансиски извештаи на групата ФЕРШПЕД за 2024 година, ревидирани од овластен ревизор и Годишниот извештај за работењето на група ФЕРШПЕД за 2024 година – Предлог одлука
Предлог Одлука за одобрување на Консолидираната годишна сметка и Конс. фин. извештаи 2024 и год.изв.за група
Одлука за одобрување на консолидирана годишна сметка, конс. фин изв. и Год. извештај на група Фершпед
Консолидирана годишна сметка за 2024
Ревидирани ФИ Група Фершпед 2024
Извештај за работењето на ГРУПА ФЕРШПЕД за 2024 година
7. Донесување на одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори на Друштвото за 2024 година – Предлог одлука
Предлог Одлука за одобрување на работата на членовите на ОД за 2024 година
Одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори за 2024 година
8. Донесување одлука за измена на статутот на друштвото – Предлог одлука
Предлог одлука за измена на статут
Одлука за измена на Статутот на друштвото
9. Донесување одлука за избор на членови на органот на управување – Предлог одлука
Предлог Одлука за избор на членови во Органот на Управување
Предлог за избор на член на Одбор на директори 1
Предлог за избор на член на Одбор на директори 2
Предлог за избор на член на Одбор на директори 3
Одлука за избор на членови на Одбор на директори на Фершпед АД Скопје
10. Донесување одлука за назначување овластен ревизор за вршење ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на ФЕРШПЕД АД Скопје, и консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи на група ФЕРШПЕД за 2025 година – Предлог одлука
Предлог Одлука за назначување овластен ревизор за 2025 година
Одлука за назначување на овластен ревизор за 2025 година
Од вкупниот број 18.113 акции во ФЕРШПЕД АД Скопје на денот на објавата на јавниот повик вкупниот број акции и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас се 16.303 акции.
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Годишното собрание.
Секој акционер кој има намера да учествува на Годишното собрание на Друштвото е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Годишно собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Годишно собрание.
Пријавите да се достават до ФЕРШПЕД АД Скопје – Одбор на директори на Друштвото, или по електронски пат на info@fersped.com.mk
На Годишното собрание ќе се одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести Друштвото по писмен или електронски пат.
За полномошник на Годишното собрание на акционери можe да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Годишното собрание на акционери за која им важи полномошното.
Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната веб-страница на Друштвото www.fersped.com.mk
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва полномошникот (кој е овластен од повеќе акционери да ги застапува нивните интереси на собранието) задолжително треба да ја извести Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давање полномошната од повеќе акционери во рок од пет работни дена пред одржување на Годишното Собрание на акционери.
Акционерите можат да гласаат по точките од дневен ред и предложените одлуки по материјалите објавени заедно со јавниот повик, со пополнување на образец за гласање со коресподенција, кој е објавен на официјалната интернет страна на друштвото www.fersped.com.mk.
Уредно пополнетиот образец за гласање со коресподенција, акционерот треба да го достави во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и соверачен потпис на акционер - физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме на законскиот застапник на акционерот - правно лице.
Заедно со пополнетиот образец за гласање со коресподенција, заради потребите на идентификација, секој акционер физичко лице е потребно да се достави и копија од документ за идентификација ( важечка лична карта/патна исправа).
Заедно со пополнетиот образец за гласање со коресподенција, заради потребите на идентификација, секој акционер правно лице е потребно да се достави и копија од важечка тековна состoјба за правното лице акционер и копија од документ за идентификација (лична карта/патна исправа) на законскиот застапник на правното лице.
Образецот во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака „За Собрание на акционери“ мора да бидат доставени во седиштето на друштвото ФЕРШПЕД АД Скопје на ул.Македонија бр.11а, 1000 Скопје најдоцна до 21.05.2025 година до 15 часот.
Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки најдоцна 8 (осум) дена од објавата на овој Повик во дневен весник, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната веб-страница на Друштвото www.fersped.com.mk.
Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на Годишното собрание на акционери. Одговор на поставените прашања се дава на седницата или преку веб-страницата на Друштвото.
Материјалите за Годишното собрание на акционери и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото на ул. Македонија. 11а Скопје од 09.00 до 14.00 часот, и на веб-страницата на Друштвото www.fersped.com.mk
Прашалник за ККУ ФЕРШПЕД АД Скопје
ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ