slide1

Корпоративна филантропија е клучна компонента во Фершпед А.Д. од самите почетоци. Уште пред 40 години кога Фершпед А.Д. броеше само 20-тина вработени бевме свесени за социјалната одговорност кон општеството и околината во која работиме. Фокусот останува и денес и продолжуваме да го градиме понатаму преку спонзорства, донации, волонтерски вработувања и многу други начини на поддршка каде препознавме тесна врска помеѓу нашата корпорација и заедницата на која и служиме.

 

Корпоративната филантропија во Фершпед А.Д. значи многу повеќе од само донации и спонзорства. Во неа гледаме и бизнис практика која говори за нашата лојалност кон општеството и посветеноста на повисоки благородни цели.
Овој уникатен поглед кон корпоративната филантропија го инспирира Фершпед А.Д. да биде инволвиран во разни гранки на општеството, иницијативи тесно поврзани со младите и образованието, културата и традицијата, науката и технологијата, спортот и забавата.

 

Нашата визија: Да создадеме корпорација која взаемно ќе се поддржува со општеството.

 

Нашата мисија: Да го збогатиме социјалниот, економскиот и образовниот карактер на заедницата во која живееме преку корпоративна и индивидуална поддршка за општеството и граѓаните кои живеат во него.

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје