Фершпед АД Скопје е акционерско друштво со едностепен систем на управување.
Собрание
Собранието одлучува само за прашањата категорично определени со Законот за трговски друштва и со Статутот на Фершпед АД Скопје, а особено за :
1. Измена на Статутот
2. Одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на Друштвото во претходната деловна година и одлучува за распределбата на добивката
3. Избор и отповикување на членови на Одбор на директори
4. Одобрување на работата и водењето на работењето со Друштвото на членовите на Одборот на директори
5. Промена на правата врзани за одделни родови и класи акции
6. Зголемување и намалување на основната главнина на Друштвото
7. Издавање акции и други хартии од вредност
8. Назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи
9. Преобразба на Друштвото во друга форма на друштво, како и на статусни промени на Друштвото и
10. Престанување на Друштвото.
ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ
Членовите на Одборот на директори ги избира Собранието на Друштвото.
Одборот на директори има 6 члена од кои:
5 неизвршни и 1 извршен член.
Извршниот член го носи називот: Генерален директор.
Неизвршни членови:
- Претседател на Одбор на директори,
- 3 неизвршни члена и
- 1 неизвршен независен член.
Одборот на Директори, во рамките на надлежностите утврдени со Статутот, законот и овластувањата кои изрично му се дадени од Собранието на Друштвото, има најшироки овластувања за дејствување во сите околности во името на Друштвото.
Одборот на Директори работи и одлучува на начин утврден со закон и Статут.
Генералниот директор го застапува и претставува Друштвото во односи со трети лица.